Ипсвич го расипа дебито на Аморим на клупата на Јунајтед
- Вечерва официјално започна нова етапа во историјата на славниот Манчестер Јунајтед - очекувано, со многу маки.
Ипсвич, 24 ноември 2024 (МИА) - Вечерва официјално започна нова етапа во историјата на славниот Манчестер Јунајтед - очекувано, со многу маки.
Менаџерот Рубен Аморим за прв пат ги предводеше „црвените ѓаволи“ во 12. коло од англиската Премиер лига, но по завршувањето на натпреварот немаше многу причини за славење.
Екипата на Аморим ремизираше 1:1 со тимот на Ипсвич на гостувањето на „Портман Роуд“. Рашфорд отвори рано, но израмни Хачинсон и резултатот се задржа до крајот.
Португалскиот тренер во пракса можеше во пракса да види дека го чека многу работа за да ги оствари високите амбиции и да ги врати гигантите на европскиот фудбал на нивото на некогашните успеси. дс
Фото: Архива