• недела, 24 ноември 2024

ИПАРД 3 новини - авансна исплата до 50 отсто од поддршката веднаш по потпишување на договорот

ИПАРД 3 новини - авансна исплата до 50 отсто од поддршката веднаш по потпишување на договорот

Скопје, 9 септември 2023 (МИА) - Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека ИПАРД 3 нуди нови можности за македонското земјоделство. Една од новините предвидени со Програмата, како што информира, е авасна исплата до 50 отсто од финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

-Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100 000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 проценти од средствата или 30 000 евра однапред. Ова ќе биде големо олеснување за побрза раелизација на сите инвестиции и голема финансиска помош. Преку авансната исплата директно им помагаме на апликантите, кои сега ќе имаат на располагање дел од средствата однепред на самиот почекот од инвестицјата, без да треба да се задолжуваат кај банките, наведува МЗШВ.

Со новата ИПАРД 3 Програма се воведува и нов начин во обезбедувањето на потребната документација. Ќе се  користи електронски системи за набавка на документи од Централен регистар, одобренија за градба,..., со што ќе се поедностави, олесни и забрза процесот и ќе се намалат трошоците за корисниците.

-Прва земја во регионот сме која стартува со реализација на новата ИПАРД 3 програма. Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 програма изнесува 97 милиони евра, европски неповратни сретства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Првите 30 милиони евра веќе се на располагање за инветиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7. Мерката 1 од јавниот повик се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а како приоритетни сектори се јавуваат растителното производство, сточарското производство, производството на риба, потоа преработка  и маркетинг на сопствено земјоделско производство на земјоделско стопанство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Мерката 7 од јавниот повик се однесува на диверзификација на фарми и развој на бизниси, а како приоритетни сектори се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам, нагласува МЗШВ.

Заинтересираните апликанти повеќе информации за јавниот повик можат да најдат на https://ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/9. мч/дма/

фото: МЗШВ

Остани поврзан