• четврток, 05 февруари 2026

ИОК има намера да разговара за одложување на Зимските олимписки игри во 2030 година

ИОК има намера да разговара за одложување на Зимските олимписки игри во 2030 година

Лозана, 5 февруари 2026 (МИА) - Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) има намера да разговара за можноста за одложување на Зимските олимписки игри во 2030 година.

- Можеби ќе треба да размислиме за прилагодување на датумите. Параолимписките игри моментално се одржуваат во март, а една опција е да се поместат порано. Сите овие идеи се евидентирани и земени предвид, изјави претседателката на IOK, Кирсти Ковентри, во интервју за Кјодо.

Главната причина за разгледување на ова сценарио се климатските промени, кои влијаат на стабилноста на снежната покривка и природните услови за натпревари.

Дискусијата, исто така, се осврнува на можните промени во спортската програма. Карл Стос, член на ИОК кој го надгледува прегледот на програмата, не ја исклучи можноста некои дисциплини традиционално резервирани за Летните олимписки игри да бидат вклучени во програмата на Зимските олимписки игри.

Олимписките игри во 2030 година се закажани да се одржат во Француските Алпи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан