• среда, 25 декември 2024

ИОК ги повика спортистите да одбијат да учествуваат на Игрите на пријателство

ИОК ги повика спортистите да одбијат да учествуваат на Игрите на пријателство

Лозана, 19 март 2024 (МИА) - Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги повика спортистите да не учествуваат на Игрите на пријателство.

- ИОК ги повикува сите учесници во олимпиското движење и сите влади да одбијат да учествуваат и да поддржат какви било иницијативи насочени кон целосна политизација на меѓународниот спорт, се вели во соопштението на ИОК.

Во март, Светската антидопинг агенција (ВАДА) изрази загриженост за Светските игри на пријателство што ќе се одржат во Русија. Организацијата ги повика сите што го потпишаа кодот на WADA да бидат претпазливи и да не дават легитимитет на настанот.

Игрите на пријателство ќе се одржат од 15 до 29 септември во Москва и Екатеринбург. Спортистите ќе добијат 40.000 долари за победа, 30.000 долари за второ место и 20.000 долари за трето место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан