• недела, 24 ноември 2024

Инцко: Мојата совест е чиста, а граѓаните на БиХ на изборите треба да ја променат ситуацијата

Инцко: Мојата совест е чиста, а граѓаните на БиХ на изборите треба да ја променат ситуацијата
Сараево, 28 јули 2021 (МИА) - Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко денеска изрази уверување дека е сосема правилно да се наметне закон со кој се забранува негирање на воените злосторства извршени во БиХ, но е загрижен за ситуацијата во земјата и ги повика граѓаните да влијаат врз тоа со својот глас на изборите.
Инцко ја напушта функцијата во БиХ, која ја извршуваше во изминатите 12 години, на 1 август и ќе биде заменет со конзервативниот германски политичар Кристијан Шмит.
 

Минатата недела Инцко наметна закон со кој може да се санкционираат до пет години затвор лицата кои негираат воени злосторства или ги величаат нивните сторители.

- Добар домашен закон би било најдобро решение, но до тоа не дојде. Дојде до ескалација и величење на воените злосторници од поголеми размери. На мене совеста ми е чиста, рече австрискиот дипломат.
Тој порача дека крајно време е проблемите во БиХ да се решат побрзо, вклучително и измените во изборниот закон
Сепак, посочи дека најважно е да се елиминира дискриминацијата на граѓаните во изборниот процес врз основа на нивното етничко потекло или место на живеење, што е содржина на сите пресуди на Европскиот суд за човекови права.
- Недозволиво е секој граѓанин во БиХ да не може да се кандидира за секоја позиција (во влста), рече Инцко.
Тој му препорача на неговиот наследник Шмит да ги насочи сите напори на зајакнување на владеењето на правото во БиХ. паг/
 

Остани поврзан