• среда, 25 декември 2024

Инцко: Бајден многу добро и долго време ја познава ситуацијата на Балканот

Инцко: Бајден многу добро и долго време ја познава ситуацијата на Балканот
Сараево, 8 ноември 2020 (МИА) – Високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко му го честиташе изборот на Џо Бајден за 46. претседател на САД и истакна дека тој многу добро и долго време ја познава ситуацијата на Балканот. - Тој ја посетуваше оваа област и за време на претседателот Тито, а го посети регионот и како потпретседател на САД и беше активно вклучен во напорите на пошироката меѓународна заедница за поддршка на неговите евроатлантски аспирации. Тој дојде во Сараево во 1997 година со претседателот Клинтон, а во БиХ дојде и како потпретседател во 2009 година, напиша Инцко. Тој наведува дека во тимот на Бајден има голем број одлични експерти, особено во областа на надворешната политика, а меѓу нив има и експерти за Балканот и БиХ. јт/

Остани поврзан