• среда, 25 декември 2024

Инцидент во белоруската нуклеарната електрана

Инцидент во белоруската нуклеарната електрана
Минск, 12 јули 2021 (МИА) – Првата единица на белоруската нуклеарна електрана денеска е исклучена од електричната мрежа откако се активира автоматската заштита на генераторот, соопшти Министерството за енергетика на Белорусија. Белоруската новинска агенција БелТа јави дека производството на реакторската единица е намалена во согласност со стандардната процедура. Нивото на зрачење во нуклеарната електрана и во областа не е променето, а се истражува причината за исклучување на генераторот. ми/  

Остани поврзан