• сабота, 23 ноември 2024

Инцидентот во Хамбург не е поврзан со ЕВРО2024, тврди полицијата

Инцидентот во Хамбург не е поврзан со ЕВРО2024, тврди полицијата

 

Хамбург, 16 јуни 2-24 (МИА) – Полицијата во Хамбург застрела попладнево маж вооружен со секира и молотов коктел во близина на фан зоната во Сент Паули, но овој инцидент не е поврзан со Европското фудбалско првенство во Германија.

Полицијата го застрелала мажот во ногата, по што тој бил онеспособен и пренесен во болница.

Германските медиуми објавија дека мажот излегол од кафеана, а во рацете имал секира, како и молотов коктел.

„Напаѓачот е ранет и укажана му е лекарска помош“, соопштија од полицијата.

Инцидентот се случил недалеку од областа низ која минувала армијата од околу 40.000 холандски навивачи, пред дуелот со Полска.

„Инцидентот се случил откако навивачите поминале, а според нашите сознанија не е поврзан со фудбалот“, додаде локалната полиција. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан