Инфантино со позитивен тест за корона
- Педесетгодишниот Швајцарец веќе е изолиран најмалку 10 дена. Информирани се и луѓето со кои се сретнал во последните неколку дена.
Цирих, 27 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, имал симптоми на коронавирус и неговиот тест на крајот излезе позитивен, објави официјално светската фудбалска централа.
Педесетгодишниот Швајцарец веќе е изолиран најмалку 10 дена. Информирани се и луѓето со кои се сретнал во последните неколку дена.
Само во последниве денови, еден куп популарни луѓе во светот на фудбалот открија дека се позитивни на КОВИД-19.