Интер ќе го направи Лаутаро Мартинез најплатениот играч во тимот
- Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез наскоро ќе потпише нов договор со клубот, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.
Милано, 6 декември 2023 (МИА) - Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез наскоро ќе потпише нов договор со клубот, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.
Според условите на новиот договор, 26-годишниот аргентински фудбалер ќе добива по седум милиони годишно, земајќи ги предвид даночните плаќања. Така тој ќе стане најплатениот играч на Интер.
Новиот договор ќе биде со важност до 2028 година.
Мартинез игра за „Нероаѕурите“ од 2018 година. Сезонава настапи на 19 натпревари во сите натпреварувања, постигна 15 голови и имаше три асистенции. Неговиот актуелен договор со Интер е до 2026 година. зс/
Фото: ЕПА