• четврток, 26 декември 2024

Интер сака да го размени Ериксен со Паредес

Интер сака да го размени Ериксен со Паредес
Милано, 13 ноември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен може да се пресели во ПСЖ, пренесува „La Gazzetta dello Sport“. Според италијанскиот весник, во Интер сакаат да го разменат 28-годишниот Данец со играчот за врска Леандро Паредес, кого миланскиот клуб одамна сака да го потпише. Ериксен игра за Интер од зимата 2020 година. Во тековната сезона, тој одигра седум натпревари на сите турнири. На сметка на Паредес се пет натпревари во францускиот шампионат. зс/

Остани поврзан