• сабота, 23 ноември 2024

Интер по голем пресврт го совлада Милан во градското дерби

Интер по голем пресврт го совлада Милан во градското дерби
Милано, 9 февруари 2020 (МИА) – Екипата на Интер е нов лидер во Серија А, откако вечерва во градското дерби го победи Милан со 4:2. Домаќините до бодовите стигнаа по голем пресврт во второто полувреме, по негативата од 0:2 што ја имаа по првите 45 минути. Головите за Интер ги постигнаа Марсело Брозовиќ, Матиас Весино, Стефан де Фрај и Ромелу Лукаку. За Милан погодија Анте Ребиќ и Златан Ибрахимовиќ. По 23 кола, Интер е прв на табелата со 54 бода, исто колку што има и второпласираниот Јувентус. Трет е Лацио со 53. Овие три екипи во последните 15 кола ќе водат голема борба за Скудетото. Милан е 10-ти со 32 бода. зс

Остани поврзан