• недела, 17 ноември 2024

Интер очекува да го потпише Агуеро како слободен агент

Интер очекува да го потпише Агуеро како слободен агент
Милано, 12 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро може да ја продолжи кариера во италијанското фудбалско првенство следното лето, пренесува „Калчомеркато“. Интер е заинтересиран за услугите на 32-годишниот фудбалер. Клубот од Милано сака да го потпише Агуеро како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Манчестер сити истекува во јуни 2021 година, а страните сè уште не договориле продолжување на договорот. На 22 јуни, Агуеро се здоби со повреда на менискусот на левата нога за време на натпреварот од 30. коло во Премиер лигата против Барнли (5:0). Оттогаш, тој не влезе на терен. Минатата сезона, Аргентинецот учествуваше на 24 натпревари во Премиер лигата, постигна 16 гола и оствари четири асистенции. зс/

Остани поврзан