• понеделник, 29 јули 2024

Интер му нуди договор на Смолинг до 2025 година

Интер му нуди договор на Смолинг до 2025 година

Милано, 21 јануари 2023 (МИА) - На дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг, му е понуден договор од Интер.

Италијанскиот новинар Николо Шира објави дека „нероаѕурите“ сакаат да потпишат договор со 33-годишниот Англичанец до крајот на сезоната 2025 година со плата од 3,5 милиони евра годишно. Трансферот се планира да се реализира на лето, кога актуелниот договор на играчот со Рома истекува.

Претходно беше објавено дека Јувентус е заинтересиран за Смолинг.

Оваа сезона дефанзивецот одигра 24 натпревари за римскиот клуб во сите натпреварувања и постигна три гола.

Вредноста на Смолинг според „Transfermarkt“ е осум милиони евра. зс/

Остани поврзан