• петок, 27 декември 2024

Интер Мајами сака да го ангажира Бускетс за 1,65 милиони долари годишно

Интер Мајами сака да го ангажира Бускетс за 1,65 милиони долари годишно

Мајами, 15 јуни 2023 (МИА) - Интер Мајами продолжува со комплетирање на тимот. Американците се подготвени да му плаќаат на Серхи Бускетс околу 1,65 милиони долари по сезона.

 

Во Интер Мајами се надеваат дека 34-годишниот поранешен играч од средниот ред на Барселона нема да потпадне под правилото „назначен играч“ - секој клуб од МЛС има право да ангажира тројца играчи кои нема да подлежат на ограничување на платата.

 

Очекувањата на раководството на Интер Мајами се дека на одлуката на Бускетс позитивно може да влијае трансферот на Лионел Меси во Интер Мајами. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан