• понеделник, 23 декември 2024

Интер го задржува Јанг уште една сезона

Интер го задржува Јанг уште една сезона
Милано, 19 март 2020 (МИА) - Во Интер се повеќе од среќни што Ешли Јанг се приклучи на тимот и планираат да го продолжат неговиот договор за уште една сезона. Неколку недели беа доволни за поранешниот интернационалец од Англија да го убеди Антонио Конте дека може да биде корисен за тимот. Иако има 34 години, Јанг одигра силни натпревари откако беше привлечен од Манчестер Јунајтед и брзо стана фаворит на навивачите. Неговиот договор е до летото, но тој има клаузула за уште една сезона. Според „Газета“, од Интер имаат за цел да ја активираат. Во меѓувреме, легендата на тимот Хавиер Занети, ги коментираше зголемените гласини дека напаѓачот Лаутаро Мартинез ќе се приклучи на Барселона летово. - Верувам дека иднината на Лаутаро е сè уште во Италија. Ние сме многу задоволни од него и тој е исто така среќен во Интер. Тој е сигурно еден од најдобрите во последно време. Тој има само 22 години и веќе има постигнато исклучителни работи со Интер, како и со репрезентацијата на Аргентина, изјави Занети за „Радио Континентал“.

Тагови

Остани поврзан