• сабота, 23 ноември 2024

Интер би можел да го ангажира Обамејанг доколку Лукаку си замине

Интер би можел да го ангажира Обамејанг доколку Лукаку си замине

Милано, 25 март 2023 (МИА) - Пјер-Емерик Обамејанг би можел да ја продолжи кариерата во Италија.

 

Според „La Gazetta dello Sport“, Интер е заинтересиран за габонскиот напаѓач. „Нероаѕурите“ размислуваат да го ангажираат напаѓачот на Челзи во случај Ромелу Лукаку да замине.

 

Обамејанг престана да биде важен играч во Челзи, што може да придонесе за профитабилен договор, според италијанскиот клуб.

 

Интер е заинтересиран и за Роберто Фирмино. Раководството веќе се сретнало со агентите на Бразилецот, кој на лето ќе го напушти Ливерпул.

 

Обамејанг оваа сезона одигра 12 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан