• четврток, 26 декември 2024

Интерпол распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на Нисан

Интерпол распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на Нисан
Бејрут, 2 јануари 2019 (МИА) - Либан доби црвена потерница од Интерпол издадена за поранешниот директор на „Нисан“, Карлос Госн, потврди денеска либанскиот министер за правда Алберт Серхан. Тој рече дека обвинителството денеска ја примило потерницата која пристигнала четири дена откако Госн избегал од Јапонија во Либан. Госн (65) е обвинет за финансиски малверзации во Јапонија, а судењето е закажано за април. Тој пристигна во Либан во понеделникот преку Турција и оттогаш не е виден во јавноста. Црвената потерница значи меѓународен налог за апсење, а Серхан рече дека либанското обвинителство ќе ги „исполни своите обврски“, што укажува за првпат дека Госн би можел да биде изведен на распит. Серхан исто така посочи дека Либан и Јапонија немаат договор за екстрадиција, со што отпаѓа можноста Бејрут да го испорача Госн на Јапонија. Госн беше уапсен во ноември 2018 година во Јапонија, каде што го товарат дека извршил повеќемилионска уплата на дистрибутерот на „Нисан“ во Оман. „Нисан“ дополнително го тужеше дека парите од фирмата ги пренасочил за лично богатење. Тој ги отфрли обвинувањата, а неговите адвокати ја обвинија јапонската Влада за заговор против него. паг/

Остани поврзан