• сабота, 23 ноември 2024

Интерпол е подготвен да помогне во истрагата на Русија за нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва

Интерпол е подготвен да помогне во истрагата на Русија за нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва

Париз, 23 март 2024 (МИА) - Интерпол е подготвен да помогне во истрагата на Русија за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, изјави денеска генералниот секретар на таа меѓународна организација, Јирген Шток.

„Најостро го осудувам нападот во концертната сала „Крокус“, кој беше ужасен чин против невините цивили. Интерпол е подготвен да даде поддршка во истрагата на руските власти“, напиша Шток на социјалната мрежа „Икс“.

Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ загинаа 93 лица, меѓу кои три деца, а повеќе 145 се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава (ИСИС). рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан