• недела, 24 ноември 2024

Интернационален ден на билијарен холангитис: Ретки болести на црниот дроб бараат свесност за здрав живот

Интернационален ден на билијарен холангитис: Ретки болести на црниот дроб бараат свесност за здрав живот

Прилеп, 12 септември 2020 (МИА) - Со активности и подигнување на свеста кај граѓаните, делење флаери и укажувања, прилепското здружение СЛАП - Сочувај, лекувај, асоцијација на пациенти со заболувања на црниот дроп, го одбележува интернационалниот ден на реткото автоимуно заболување на црниот дроб - Примарен билијарен холангитис.

Според Билјана Мирческа, претседател на Здружението која се се тестира и ќе анализира зошто се сомнева дека го има ова хронично заболување, има симптоми кои укажуваат, но сепак има и специфични тестирања.

Од девет заболени, осум се жени. Во земјава нема статистика колку има заболени од оваа хронична болест, но од работата на теренот се констатира дека бројот се зголемува.

-Има терапија, но клучно е, да се води здрав живот со физичка активност и здрава исхрана. Сите црнодробни заболувања се поврзани со здравиот начин на живот. Им пречи на работоспособните луѓе, зашто тој беспричински замор ја зема енергијата, додаде Мирческа.

Според Мирческа, во ситуација на пандемија постои и ризик-фатор. Ако се зарази пациентот би имал многу посериозни проблеми зашто веќе има хронично заболување. Мирческа смета дека овој период треба да се внимава што со хроничните болни.

Докторот по општа медицина Анета Јанакиеска Димеска вели дека мора да се промени начинот на живот.

-Примарниот билијарен холангистис е автоимуно и ретко заболување на црниот дроб. За него се знае  пред 170 години. Настанува кога организмот не ги препознава жолчните патишта во црниот дроб и постепено се уништуваат жолчните канали, а во црниот дроб се изчеваат жолчни киселини и токсини. Најчесто асимптоматско е. Случајно се дијагностицира. Препораката е пациентите да водат здрав живот, физичка активност и редовно примање на терапијата, изјави Јанакиеска Димеска

Според психологот Лариса Стојковиќ Трајкоска прифаќањето на ова хронично заболување и поддршката се битни за пациентот и за психичкото здравје.

По повод 13 септември, Интернационалниот ден на билијарниот холангитис, здружението СЛАП утре на Мечкин Камен, Крушево организира тандем летање со параглајдер.ем/бт/

Остани поврзан