• сабота, 23 ноември 2024

Интервенции и акции на ЈП Водовод и канализација за непрекинато и квалитетно водоснабдување во Скопје

Интервенции и акции на ЈП Водовод и канализација за непрекинато и квалитетно водоснабдување во Скопје
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 26 до 30 септември покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани, информираат од јавното претпријатие. Во овој период се работело на отстранување на дефекти на следните локации: Матка, ул.60 бб, Волково, ул. Востаничка 88, ул.1 бб Батинци, Визбегово ул.5/307, Перо Наков, Франц Прешерн бр.43, Владимир Назор бр.5, Антон Димитров 97а, ул.Јордан Филиповски 3а, Ул.1 Добридол, Ферид Бајрам 41, Антон Чехов бр.8, Преспанска 16, Ѓорѓи Димитров 66, Пелагонија 1а, Ѓорѓи Капчев 16/21, Московска крстосница со Партизанска, Бутелска, Глумово ул.2, Франц Прешерн бр.43, Јадранска Магистрала 81 и ул.Саса 18/12. Јавното претпријатие спровело и редовни акции за расчистување на шахтите и сливниците со цел нормална функционалност на атмосферската канализација. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје најавуваат дека продолжуваат посветено да работат на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците. сст/дма/    

Остани поврзан