• сабота, 23 ноември 2024

„Интерактив брокерс“ нема повеќе да работи со Русија и некои други земји

„Интерактив брокерс“ нема повеќе да работи со Русија и некои други земји
Вашингтон, 23 април 2021 (МИА) - Американскиот финансиски гигант „Интерактив брокерс“, компанија која се занимава со автоматски тргувања на берзите за физички лица и фирми, ја запира работата во Русија и во неколку други земји. Информацијата за ова стигна од руските медиуми кои извесуваат дека некои руски брокерски фирми, кои настапуват како посредници (во суб-брокерска шема), им јавиле на своите корисници дека ги затвораат нивните налози во „Интерактив брокерс“. Компанијата наводно ги известила дека нема повеќе да работи со Русија и некои други земји поради компликации со американските регулатори и санкциски ризици. Минатата година во јули, американската Комисија за хартии од вредност и тргувања на берзите (СЕК) и други регулатори му наложија на брокерскиот гигант да исплати парична казна од 38 милиони долари поради пропусти во политиката за контрола на перењето пари, јави тогаш весникот Волстрит журнал. Се дознава дека проблемите со руските корисници започнале веднаш потоа. Од брокерската куќа потврдија дека отсега нема да работат со Русија и со неколку други земји. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан