• четврток, 26 декември 2024

Интензивно се спроведува санацијата на тоалети во „Битолски конгрес“ во кумановското село Лопате

Интензивно се спроведува санацијата на тоалети во „Битолски конгрес“ во кумановското село Лопате
Куманово, 2 март 2022 (МИА) - Интензивно се спроведува реконструкцијата на санитарните јазли во основното училиште „Битолски конгрес“ во кумановското село Лопате, соопштија денеска надлежните од училиштето.
Општина Куманово одвои 754.846 денари за санација на тоалетите, а на јавниот оглас избрана е компанијата „БФ-АДИС“ од село Отља, липковско. Надлежните од училиштето очекуваат санацијата да се спроведе согласно предвидениот рок.
-Очекуваме навремено се заврши работата, со што ќе се обезбедат подобри и похигиенски услови за нашите ученици. Последен пат тоалетите се санирани пред дваесетина години помеѓу 2001 и 2002 година, изјави директорот на училиштето, Шенд Мухтари. Во ова училиште во село Лопате, настава во две смени следат 228 ученици од прво до деветто одделение на македонски и албански наставен јазик. -Имаме и готов проект кој е во тендерска постапка за промена на покривот. Исто така подготвуваме проект за изградба или на спортско игралиште или на спортска сала и ќе побараме средства за реализација на овој важен дел од спортското образование на учениците, додаде директорот Мухтари. Зградата на „Битолски конгрес“ е изградена далечната 1965-та година.ам/бт/

Остани поврзан