• понеделник, 23 декември 2024

Интензивниот дожд повторно поплави неколку улици и дворови во Тетово

Интензивниот дожд повторно поплави неколку улици и дворови во Тетово

Тетово, 4 октомври 2024 (МИА) - Силниот и интензивен дожд што доцна попладнево и вечерва ја зафати Општина Тетово е причина за зголемување на бројот на повици до пожарникарите од страна на луѓе кои имаат потреба од нивна интервенција.

Пожарникарите таков повик добиле од Желино каде комби возило поради насобрана вода кај подвозникот во правец кон Сиричино останало заглавено во поплавениот дел од коловозната лента. Четворицата пожарникари кои биле на интеревенција со нивното возило и влечење со јаже го извадиле возилото во кое имало 11 интервенции.

Полицијата го пренасочува сообраќајот кај булеварот „Благоја Тоска“ на последниот кружен тек кај касарната каде редовно се поплавуваат коловозните ленти, поради интервенција на комуналното претријатие.

- Во моментов имаме интервенции по неколку повици во Мала и Голема Речица, каде се испумува вода од куќи и нивните дворови и подруми, информираше Авни Амети, командир на тетовската противпожарникарска единица.

Пред две недели, на 20 септември, силен дожд предизвика делумно поплавување на улици, дворови и куќи во градот како и во Мала Речица. ас/ар/

Фото: Владимир Спасовски и ТППЕ 

Остани поврзан