• петок, 27 декември 2024

„Инспиративна иднина“ - втор Самит на Национална платформа за женско претприемништво

„Инспиративна иднина“ - втор Самит на Национална платформа за женско претприемништво
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - „Инспиративна иднина“ е насловен вториот Самит за женско претприемништво, што ќе се одржи денеска и утре во рамки на Националната платформа за женско претприемништво, проект кофинансиран од ЕУ, во соработка со Здружението на бизнис жени на Македонија, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР и Сојузот на стопански комори на Македонија. Како што е најавено од Националната платформа за женско претприемништво, на самитот ќе бидат присутни заменик министерот во Министерството за економија Зоран Маневски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукарервска, како и претставник на Делегацијата на ЕУ. За самитот ќе зборуваат Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа и претседателка на Здружението на бзинис жени, Габриела Костовска Богоеска, извршен директор на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на Стопански комори на Македонија. По свеченото отворање, ќе бидат доделени награди за најдобри претприемачки во микро, мали и средни претпријатија, кои Платформата ги доделува во соработка со Министерството за економија. Инаку, самитот во својата програма има вклучено четири панел дискусии во кои целокупниот фокус е женското претприемништво, предизвиците со кои се соочува, добрите домашни и странски практики. Ќе се дадат и насоки за многу важното младинско претприемништво, а ќе бидат преставени документи за креирање на политики, со секторите на финансии, жените во дигиталниот свет. Како што е најавено, ќе биде претставен и Барометарот за 2022 година за женско претприемништво. Една панел дискусија ќе биде посветена на формирање на совети за женско претприемништво на лолакно ниво, на која што ќе присуствуваат градоначалниците од Вевчани, Кратово, Карпош, дел од општините каде се веќе формирани советите. На вториот ден од самитот се организирани две работилници за финансии и финансиски менаџмент, на кои ментори ќе бидат Сашо Велковски и Александар Целевски. Тимот на НПЖП, утре ќе ги додели и двете награди за најдобра млада лидерка и за Граѓански организации -добри практики. цр/са/

Остани поврзан