• сабота, 23 ноември 2024

Инспекциски служби во Инџиково рушиле дивоградба деловен објект

Инспекциски служби во Инџиково рушиле дивоградба деловен објект

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Инспекциските служби на општина Гази Баба со асистенција на Министерството за внатрешни работи рушиле безправно изграден деловен објект во населеното место Инџиково, информираа денеска од Општина Гази Баба.

На рушењето на дивоградбата присуствувал и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. 

- Никој не е над Законот. Нема да дозволам урбаната мафија да дивее низ општина Гази Баба. Компромис со спроведување на Законот, ниту сум правел, ниту ќе правам. Апелирам до граѓаните да се почитуваат Законите за да немаме вакви непријатни ситуации. Тука нема да застанеме, порачал Стефковски.

Градбата на овој деловен објект, појаснуваат од Општината, инспекциските служби на општина Гази Баба ја утврдиле почетокот на август при што била изречена мерка за затворање на градилиштето која лицето не ја почитувало и продолжило со градба. Согласно Законските одредби, службите донеле решение за отстранување на објектот кое денеска беше извршено. цр/аа/

Фото:Општина Гази Баба

 

 

Остани поврзан