• сабота, 06 декември 2025

Иновативни бизнис концепти од млади претприемачи од Шпанија и Македонија презентирани во Струга

Иновативни бизнис концепти од млади претприемачи од Шпанија и Македонија презентирани во Струга

Струга, 29 септември 2025 (МИА) - Иновативни бизнис концепти од млади претприемачи од Шпанија и Македонија беа презентирани викендов во Струга на Демо ден на завршен настан на првата инкубациска програма што ги поврзува двете држави во областа на социјалното претприемништво - ГРОУ.

Интернационално жири од експерти, како што соопшти организаторот, избрала три најуспешни тимови, кои треба да добијат дополнителна поддршка за развој на своите идеи преку специјализирана програма.

- Инкубациската програма обедини млади од двете земји, нудејќи им можност да работат заедно на решавање на слични општествени предизвици. Програмата опфати пет модули за развој на претприемачки вештини, индивидуално менторство и консултации, овозможувајќи им на учесниците не само нови знаења и практични алатки, туку и вредни контакти и можности за идни партнерства, стои во соопштението.

Програмата покажала дека младите претприемачи од Шпанија и Северна Македонија можат да создадат силни и одржливи решенија со позитивно општествено влијание. Се  реализира со поддршка на Еразмус+ програмата, креирана и имплементирана од Бизнис импакт лаб и Пријатели на образованието од Северна Македонија и Егериа од Шпанија.  сс/са/

Фото Бизнис импакт лаб 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан