• среда, 27 ноември 2024

Иницијативниот одбор „Култура или фисклутура?“ го прекинува дијалогот со Министерството за култура

Иницијативниот одбор „Култура или фисклутура?“ го прекинува дијалогот со Министерството за култура
Струмица, 18 февруари 2021 (МИА) - Иницијативниот одбор на иницијативата „Култура или фискултура?” го прекинува дијалогот со Министерството за култура и ресорната министерка Ирена Стефоска, соопштија денеска од Одборот, откако вчера донеле едногласна одлука. Оттаму денеска ги објавија документите на новоизбраниот директор на НУЦК „Антон Панов“, Васил Бубев, со кои конкурирал и кои ги добиле согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според нив, од документите се гледа дека избраниот кандидат не поседува доказ дека е познат во јавноста како јавен, општествен и културен работник. Комисијата за селекција на кандидати во Министерството, составена од Ивана Ристиќ-Петровски, Ана Кардула, Љумтурије Зајази, одлучува дека само избраниот кандидат ги поседува „сите” потребни документи и ги отфрла пријавите на другите две кандидатки со образложение дека доставиле нецелосна документација. -На 29.12.2020 година истата Комисија испраќа допис до избраниот кандидат со барање да достави дополнителна документација со која ќе се прецизира, во рок од три дена, дали кандидатот го исполнува посебниот услов утврден со статутот на НУЦК „Антон Панов” Струмица и во дел 2 алинеја 3 од Јавниот оглас за избор на директор. Иницијативата „Култура или фискултура?“ констатира дека комисијата ги прекршила условите на конкурсот, со што се врши фаворизација на избраниот кандидат и дискриминација на останатите два кандидати, стои во денешното соопштение до медиумите на Иницијативата. Додаваат дека на избраниот кандидат на 11 јануари поднел дополнителни докази дека го исполнува посебниот услов од конкурсот. -Неминовно се поставува прашањето: Што ја натерало Комисијата за селекција на кандидати да ги прекрши условите на конкурсот и само од веќе избраниот кандидат да побара дополнителни докази и истиот да го повика на интервју за потоа да го назначи и за генерален директор?!, прашуваат од Иницијативниот одбор „Култура или фискултура?“. Инаку, актери од струмичкиот театар незадоволството од изборот на новиот директор на НУЦК „Антон Панов“ го изразија со повеќе протести, а имаа и средби со министерката за култура.рт/бт/

Остани поврзан