• недела, 24 ноември 2024

Иницијатива на ЕУ за „здравствена унија“

Иницијатива на ЕУ за „здравствена унија“
Париз, 11 февруари 2022 (МИА) - Европска Унија покрена иницијатива за заедничка „здравствена унија“, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран, чија земја претседава со ЕУ. Текстот ќе се вика „Декларација од Гренобл“ по францускиот град, каде беше состанокот на министрите за здравство на земјите-членки на ЕУ. Веран изрази уверување дека ЕУ може да стане „светски шампион во јавното здравство“ доколку ги надмине противречностите меѓу пазарните размислувања и системите за јавно здравје. Според него, придобивки ќе има од заедничката набавка на одредени медицински помагала, како и во борбата против ретките болести на европско ниво. Тој изрази надеж дека Декларацијата од Гренобл ќе биде потпишана во наредните денови, која ќе биде основа за „здравствената унија“. ми/

Остани поврзан