• среда, 27 ноември 2024

Иницијатива за збратимување на Кратово и словенечкиот град Птуј

Иницијатива за збратимување на Кратово и словенечкиот град Птуј
Крива Паланка, 5 ноември 2022 (МИА) - Иницијатива за збратимување на Кратово и Птуј, Словенија произлезе од денешната посета на општина Кратово на амбасадорот на Република Словенија во земјава, Милан Предан и неговата средба со градоначалникот на Општината Тодорче Николовски.
-На состанокот беа дискутирани традиционалните пријателски односи помеѓу двете држави исто така и досегашната соработка на локално ниво со словенската држава и организации. Имавме можност да ги презентираме потенцијалите на Општината, а истовремено беа направени и заложби за унапредување на конкретната соработка во сфери каде постои заемен интерес како културата, туризмот, животната средина и енергетска ефикасност, соопштија од Општина Кратово.
Општина Кратово иницираше збратимување со Општина Птуј од Словенија, со која има бројни заеднички карактеристики од културното наследство и архитектурата. ид/вг/

Остани поврзан