• сабота, 28 декември 2024

„Отворен Балкан“ има многу недостатоци, ќе треба да ја разгледуваме со стратешките партнери, вели Мицкоски

„Отворен Балкан“ има многу недостатоци, ќе треба да ја разгледуваме со стратешките партнери, вели Мицкоски

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Иницијативата Отворен Балкан има многу недостатоци и не е комплетна. Нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал сеуште спориме каде се наоѓаат во регионот, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски рече дека секоја регионална иницијатива што може да додаде вредност е добра, но оти работите мора да се гледаат реално.

- Ако веќе имаме таков тип на иницијатива, тогаш таа треба да е комплетна, а вака како што е, не е комплетна. На крајот од денот, целта на сите држави од регионот е членство во рамки на ЕУ, нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал  уште денеска спориме каде се наоѓаат  во регионот, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата. 

Прашан да го дообјасни вчера изнесениот став за обиди за дестабилизација во државава, Мицкоски повтори дека граѓаните треба да останат мирни на провокациите и фокусот да остане на развојот, инвестициите и градењето.

- Ги следиме однесувањата на овој тип  обогатени политичари и бизнисмени  на грбот на  граѓаните и од нивното однесување  можеме да заклучиме дека се немоќни да мобилизираат долготрајни протести без притоа да предизвикаат меѓуетнички инциденти, етничка омраза, нетрпение, итн. И затоа  во периодот што следи ќе  има провокации.Ќе следат таков тип на провокации,  да бидеме мирни затоа што ние имаме цел да се развиваме да одиме напред, да носиме инвестиции, да градиме, да го исправме она што беше спротивно..., рече Мицкоски.

Коментирајќи ги ставовите на СДСМ дека за време на нивното владеење се справиле со неколку кризи,  истакна дека СДСМ во тој период го зголемиле државниот долг за четири милијарди евра. лв/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан