• недела, 06 октомври 2024

Иниеста ја продолжува кариерата во ОАЕ

Иниеста ја продолжува кариерата во ОАЕ

Абу Даби, 9 август 2023 (МИА) – Поранешниот играч за врска на шпанската фудбалска репрезентација и на Барселона, Андрес Иниеста му се приклучи на фудбалскиот клуб Емирејтс, соопшти денеска професионалната Про Лига на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„Добредојде Иниеста“, порача клубот од ОАЕ преку социјалните мрежи. Клубот со седиште во Рас Ал-Каима објави фотографија на 39-годишниот Иниеста во клупскиот дрес и најави дека деталите од договорот дополнително ќе бидат објавени на прес – конференција.

Иниеста минатиот месец ги напушти редовите на јапонскиот клуб Висел Кобе во кој мина пет сезони.

Легендарниот Иниеста во дресот на Барселона освои девет шпански титули, како и четири трофеи во Лигата на шампиони, а со шпанската репрезентација се закити со една светска и две европски титули. ег/сд/

ФОТО: Фејсбук

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан