• сабота, 23 ноември 2024

Иниеста: Постои шанса Меси да се врати во Барселона

Иниеста: Постои шанса Меси да се врати во Барселона

Буенос Аирес, 30 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на јапонски Кобе и поранешен член на Барселона, Андрес Иниеста, изјави во разговор за аргентинската телевизија TyC дека Лионел Меси би можел да се врати во редовите на каталонскиот гигант.

Иниеста и Меси беа 14 години клупски колеги во Барселона. Шпанецот во 2018 година замина во Јапонија, додека Аргентинецот во 2021. Прејде во француски ПСЖ.

-Поранешниот Меси и денешниот Меси се поинакви од сите други. Тој е број еден, изјави Иниеста.

-Враќањето во Барселона не е лесно, но Лео може да се врати, постои можност за такво нешто, додаде поранешниот шпански репреентативец. ег/

Остани поврзан