• четврток, 26 декември 2024

Иниеста би сакал да се врати во Барселона како спортски директор или тренер

Иниеста би сакал да се врати во Барселона како спортски директор или тренер
Барселона, 26 октомври 2022 (МИА) - Поранешниот играч на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека би сакал да се врати во каталонскиот клуб како спортски директор или тренер. Во моментов 38-годишниот играч од средниот ред настапува за јапонскиот клуб Висел Кобе. - Мојата фаза како играч на Барселона е веќе завршена. Ќе биде невозможно да се натпреварувам со играчите таму, тие се млади и физички силни. Сакам да се вратам во Барселона како тренер или спортски директор, но прво треба да учам во различни области, а потоа ќе видиме, изјави Иниеста за „Барса Универзал“. Иниеста играше за Барселона од 2002 до 2018 година. Како дел од тимот го освои шпанското првенство девет пати, Купот на Шпанија шест пати и Лигата на шампионите четири пати. Во мај 2018 година, Иниеста беше официјално претставен како играч на јапонскиот клуб Висел Кобе. Договорот е потпишан на три години во вредност од 90 милиони евра. Во 2021 година, играчот го продолжи договорот со клубот за уште две сезони. зс/

Остани поврзан