• среда, 18 декември 2024

Инзаги: Интер е паднат во психолошка дупка

Инзаги: Интер е паднат во психолошка дупка
Милано, 2 март 2022 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги проговори за серијата на неговиот тим од 403 минути без постигнат гол. Интер синоќа одигра 0:0 со Милан во првиот меч од полуфиналето од Купот на Италија. - Знам дека кога нема да постигнете гол на четири натпревари по ред, тоа станува бомбастичен наслов. Работиме на подобрување на нашата ефикасност. Имаме талентирани напаѓачи, тие се уште ја достигнуваат оптималната форма. Толку интензивно настапувавме во ноември, декември и јануари што неминовно паднавме во психолошка дупка. Сè уште ги лечиме раните по загубеното (1:2) дерби со Милан во Серија А пред неполн месец, иако до 75. Минута на тој натпревар сЕ изгледаше поинаку, изјави Инзаги. Шанса да стави крај на „црната“ серија без погодоци, Интер ќе има веќе в петок за кога е закажан мечот со Салернитана од 28. коло во Серија А. зс/

Остани поврзан