Инзаги доби отказ во Салернитана
- Калчолигашот Салернитана му врачи денеска отказ на својот тренер Филип Инзаги, кој на клупата на последнопласираниот тим во Серија А се задржа само 18 натпревари
![Инзаги доби отказ во Салернитана](https://new.mia.mk/index.php/images/20240211150646_big_730x400_53.webp )
Салерно, 11 февруари 2024 (МИА) – Калчолигашот Салернитана му врачи денеска отказ на својот тренер Филип Инзаги, кој на клупата на последнопласираниот тим во Серија А се задржа само 18 натпревари.
Салернитана на своето конто има 13 бодови, со две победи и седум нерешени.
Последниот од вкупно 15-те порази сезонава го претрпе во петокот против Емполи (1-3), што доведе клупското раководство да ја раскина соработката со Инзаги.
Педесетгодишниот Инзаги пред ангажманот во Салернитана беше на клупата на Реџина, Бреша, Беневенто, Болоња и Венеција, а во сезоната 2014/15 го предводеше Милан во кој остави голема трага како фудбалер. ег ФОТО: Фејсбук