• вторник, 24 декември 2024

Инзаги дал исказ во полиција во истрагата за врските меѓу навивачи на Интер и италијанската мафија

Инзаги дал исказ во полиција во истрагата за врските меѓу навивачи на Интер и италијанската мафија

Милано, 9 октомври 2024 (МИА) - Симоне Инзаги, тренерот на италијанскиот фудбалски клуб Интер, дал изјава во полиција како дел од истрагата за врските меѓу навивачки групи и криминални организации, пренесуваат италијанските медиуми. Инзаги е сослушан како сведок.

Минатата недела италијанската полиција уапси 19 навивачи на Интер и Милан, од кои многумина се осомничени за врски со калабриската мафија „Ндрангета“.

Налогот за апсење е составен на 568 страници. Содржи детали за телефонскиот разговор помеѓу лидерот на навивачите на Интер, Марко Федерико и Инзаги пред почетокот на финалето на Лигата на шампионите во 2023 година. Тој побара од тренерот да лобира кај директорите на клубовите за повеќе билети за поддржувачите на неговата навивачка група.

Според италијанските обвинители, двата тима не се одговорни страни во истрагата, но мора да ја преиспитаат нивната политика за активности поврзани со навивачите, како и нивната деловна структура, со цел да се избегне инфилтрација на осомничени во криминал.

Интер не го коментираше случајот. Претседателот Џузепе Марота рече дека клубот соработува со властите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан