• четврток, 26 декември 2024

ИНЕРКОМ: Извештајот на ЕК дава реална слика за медиумската сфера и дигитализацијата

ИНЕРКОМ: Извештајот на ЕК дава реална слика за медиумската сфера и дигитализацијата
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Институтот за развој на електронски комуникации објави краток осврт за Поглавјето 10, како и за деловите што се однесуваат на медиумите, информатичкото општество и дигиталната трансформација, во однос на Извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија за почетокот на преговори за членство во Европската Унија. -Европската комисија смета дека Македонија е умерено подготвена или подобро кажано има ограничен напредок во сферата на медиумите и информатичкото општество.  ИНРЕКОМ смета дека и овој извештај дава реална слика, како и во минатото, а во однос на медиумската сфера и дигитализацијата на македонското општество, наведуваат во соопштение од ИНЕРКОМ. Оттаму истакнуваат дека Комисијата ја оцени Македонија како умерено подготвена во областа на дигиталната трансформација, давајќи голем број препораки што треба да бидат усвоени во македонското законодавство, како и дека дополнително, Комисијата дава јасни насоки за подобрување на регулаторните тела, медиумите, како и дигитализацијата на државните институции. Целосниот коментар за Извештајот е достапен на линкот лв/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан