• четврток, 26 декември 2024

Индустријата во еврозоната достигна најголем пад во април

Индустријата во еврозоната достигна најголем пад во април
Луксембург, 12 јуни 2020 (МИА) - Индустриското производство во еврозоната забележа во април најголем пад, достигнувајќи го дното, бидејќи поради пандемијата на новиот коронавирус во целиот регион беше прекината производствената активност, покажуваат денеска објавените статистички податоци на Евростат. Според податоците, индустриското производство во 19-те земји членки на монетарниот блок се намалило за 17,1 процент во април на месечно ниво, а на годишно за 28 отсто, што е најмногу од 1991 година, кога почна да се води оваа евиденција за еврозоната. Најголемата економска сила во еврозоната - Германија, забележа пад на индустриското производство во април од 30,2 отсто на годишно ниво, додека Франција и Италија, кои се другите две најсилни економии во блокот, регистрирале уште поголем пад, во износ од 34,9, односно 42,5 проценти. Четвртата најголема економија во еврозоната - Шпанија достигна намалување на индустријата за 34,3 отсто. Најмалата економија во еврозоната, Луксембург, покажа најлоши резултати, имајќи предвид дека нејзината индустрија доживеа пад за 43,9 проценти во април. Ирска е единствената земја меѓу 27-те земји членки на ЕУ, која во април остварила пораст на производството за 5,5 отсто на годишно ниво. гт/

Остани поврзан