• среда, 15 јануари 2025

Индонезија планира да одреди минимална старосна граница за пристап до социјалните мрежи

Индонезија планира да одреди минимална старосна граница за пристап до социјалните мрежи

Џакарта, 14 јануари 2025 (МИА) - Индонезија планира да донесе регулатива со која би била одредена минимална старосна граница за пристап до социјалните мрежи поради заштита на децата, изјави индонезиската министерка за комуникации Меутја Хафид.

Таа не прецизираше колкава ќе биде минималната старосна граница за пристап до социјалните мрежи.

Хафид рече дека разговарала за плановите со индонезискиот претседател Прабово Субианто и дека тој и дал поддршка за заштитата на децата во дигиталниот простор. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан