• среда, 25 декември 2024

Индонезиските власти запленија ирански и панамски танкери

Индонезиските власти запленија ирански и панамски танкери
Џакарта, 25 јануари 2021 (МИА) - Индонезиските власти соопштија дека заплениле еден ирански и еден панамски танкер под сомнение дека илегално превезувале нафта. Претставникот на индонезиската Крајбрежна стража Виџну Прамандира изјави дека танкерите се запленети во водите во близина на индонезиската провинција Калимантани биле спроведени до островот Батам за понатамошна истрага. - Екипажите на танкерите сториле низа прекршоци, меѓу кои и неистакнување на национално знаме, исклучување на системите за идентификација, нелегално вкотвување, илегален транспорт на нафта и истурање на нафта во морето, истакна Прамандира. Поради санкциите на САД кон Иран, Техеран е принуден на црно да тргува со нафта, а во најголем случај тоа се случува преку Венецуела. ми/

Остани поврзан