• среда, 13 ноември 2024

Индија вложува 25 милијарди долари во полупроводници и екрани

Индија вложува 25 милијарди долари во полупроводници и екрани

Њу Делхи, 22 септември 2022 (МИА) - Индија најавува вкупна инвестиција од најмалку 25 милијарди долари во рамки на стратегијата за поттикнување на производството на полупроводници и екрани, истакна денеска министерот за ИТ-секторот, Раџив Чандрасекар.

Имено, индиската Влада ја зголеми паричната поддршка за новите постројки за полупроводници, со покривање на 50 отсто од трошоците на проектот. Властите соопштија и дека ќе биде отстрането ограничувањето на максимално дозволените вложувања со цел да се поттикне производството на компјутерски делови. Чандрасехар вели и дека владата е во разговори со многу светски фирми за индискиот сектор за чипови, без да именува ниту една од нив. - Овие разговори се одвиваат во контекст на повеќекратните стимулативни пакети и програми објавени од различни земји. Индија има докажано искуство во развојот на електронската индустрија, како и основните инфраструктурни барања за основното производство, изјави тој. Според западните медиуми, конгломератот за нафта и метал „Веданта“ и тајвански „Фокскон“ потпишале договор со индиската сојузна држава Гуџарат за влог од 19,5 милијарди долари во производствени капацитети за полупроводници и екрани.  си/

Остани поврзан