• среда, 25 декември 2024

Индиското МНР соопшти дека пребеганата Шеик Хасана самата треба да одлучи што ќе прави во иднина

Индиското МНР соопшти дека пребеганата Шеик Хасана самата треба да одлучи што ќе прави во иднина

Њу Делхи, 8 август 2024 (МИА) - Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина Вазед, мора сама да одлучи каква акција ќе преземе во врска со нејзините идни планови, јавија британските медиуми.

Шеик Хасина побегна во Индија во понеделникот, откако Бангладеш беше потресен од насилни протести со барање нејзина оставка, и оттогаш е задржана во воздухопловна база надвор од Њу Делхи.

-Не е умесно да се зборува за нејзините планови, изјави портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи.

Во меѓувреме, индискиот министер за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар денеска на социјалната мрежа Х напиша дека со својот британски колега Дејвид Лами разговарал за „ситуацијата во Бангладеш и Западна Азија“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан