• среда, 25 декември 2024

Индискиот национален конгрес обвинува дека Владата на Моди им ги блокирала сметките пред изборите

Индискиот национален конгрес обвинува дека Владата на Моди им ги блокирала сметките пред изборите

Њу Делхи, 21 март 2024 (МИА) - Партијата на Индискиот национален конгрес (ИНЦ), главната индиска опозициска политичка група, денеска ја обвини Владата на премиерот Нарендра Моди дека ја задушува демократијата и ѝ штети на партијата со замрзнување на нејзините банкарски сметки, вмешувајќи ја во даночен спор пред парламентарните избори.

Индија објави дека шестнеделните парламентарни избори ќе започнат на 19 април, при што повеќето анкети предвидуваат победа на Моди и неговата хинду националистичка партија Бхаратија Џаната.

Рахул Ганди, поранешен лидер на партијата ИНК, рече дека не е во можност да води целосна кампања со замрзнати сметки.

„Не можеме да ги поддржиме нашите соработници, а нашите кандидати и лидери не можат да патуваат со авион или воз. Ова е криминална акција против партијата ИНК од страна на премиерот и министерот за внатрешни работи. Идејата дека Индија е демократија е лага. Денеска нема демократија во Индија“, рече Ганди.

Партијата Бхаратија Џаната ги отфрли обвинувањата, велејќи дека банкарските сметки на партијата ИНК биле само делумно замрзнати бидејќи не поднела даночна пријава за паричните донации што ги примила во 2017-2018 година и затоа го изгубила правото на даночно ослободување, со кое раполагаат политички партии. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан