• четврток, 26 декември 2024

Индиецот Бопана највозрасен тенисер со АТП титула

Индиецот Бопана највозрасен тенисер со АТП титула

Индијан Велс, 19 март 2023 (МИА) – Индиецот Рохан Бопана стана највозрасниот тенисер кој освоил титула на АТП мастерс турнирите откако во финалето во машки двојки во Индијан Велс триумфираше со Австралиецот Метју Ебден над најдобро рангираната двојка, Холанѓанецот Весли Колхоф и Британецот Нил Скупски со 6-3, 2-6, 10-8.

Бопана со 43 години стана највозрасен освојувач на мастерс турнир, надминувајќи го рекордот што го држеше Канаѓанецот Даниел Нестор, кој во 2015 го освои мастерсот во Синсинати на возраст од 42 години.

Заслугите за освоената титула Бопана ги препиша на кафето од семејната плантажа во јужно индиската држава Карнатака, кое рече дека секојдневно го консумира.

„Тоа е индиско кафе кое постојано го пијам кога патувам. Тоа е тајната. Најважната работа е да можеш да ја вратиш силата по натпреварите и кафето навистина ми помага во тоа“, рече Бопана. ег/паг/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан