• недела, 24 ноември 2024

Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во работењето

Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во работењето
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) – Единиците на локалната самоуправа применуваат ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење, покажаа податоците од истражувањето на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. Во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, Метармофозис направи процена на состојбата на доброто владеење во единиците на локална самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2021 година. Процената е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност, спроведено помеѓу 1 јуни и 15 јули оваа година. Во истражувањето беа опфатени сите 80 ЕЛС и Град Скопје. Според податоците, општините беа оценети преку 139 показатели, поделени во четири области и девет под-области. Покрај ова, беа проверени и форматите на сите објавени документи на веб страниците на општините, преку хоризонталната област отворени податоци. - Постојат големи разлики во отвореноста помеѓу општините, особено помеѓу планските региони – во Југоисточниот плански регион има просечна отвореност од 34 проценти, додека во Полошкиот е 19 отсто. Пристапноста и видливоста на сите финансиски информации: буџети, завршни сметки, финансиски извештаи и јавни набавки се законска обврска на општините и јавните претпријатија. Планирањето и трошењето на јавните пари на транспарентен начин е заложба на дел од општините и се забележуваат добри практики на објавување на информации во соодветен формат достапен и разбирлив за граѓаните и вклучување на граѓаните во одредување на приоритети за финансиското планирање, се вели во соопштението. Според податоците од истражувањето, ЕЛС исполнуваат само 27 проценти од показателите опфатени во под-областа финансиска транспарентност. Само десет Општини имаат објавено граѓански буџет, со што се скратува можноста граѓаните, на едноставен начин, преку графикони и илустрации, да го разберат буџетот. Од Метаморфозис информираат дека општините не објавуваат податоци за платите на функционерите и надоместоците на членовите на Советот на општината. Целосните резултати и извештајот за процената на состојбата на доброто владеење на ЕЛС во Република Северна Македонија за 2021 година ќе бидат достапни утре на веб страницата на Фондацијата Метаморфозис. ки/дма/

Остани поврзан