• петок, 27 декември 2024

Инвестиција од 2,9 милиони евра поддржана од Општина Битола

Инвестиција од 2,9 милиони евра поддржана од Општина Битола
Битола, 29 април 2021 (МИА) - Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска на покана на инвеститори кои градат дом за сместување на стари лица, оствари средба и беше информирана за изградба на нов објект. Станува збор за нова градба, инвестиција која ќе овозможи згрижување на 200 стари и изнемоштени лица, лоцирана на просторот на поранешната касарна во Битола. -Вкупната инвестиција изнесува 2,9 милиони евра и освен сместување на 210 лица ќе овозможи вработување на над 80 лица, медицински, помошен и друг персонал. Инвеститорот на првиот сместувачки капацитет за стари лица, чија градба е во напредна фаза, претставува и успешен пример за женско претприемништво. Овој објект вклучува изградба на приземје, два ката и поткровје и истиот зафаќа површина од 2.500 метри квадратни. Градоначалничката Петровска се сретна со инвеститорите, со кои разговараше за напредокот и идните планови, како и за понатамошната заедничка соработка, информираа од тамошната локална самоуправа. Поддршката од Општина Битола за инвеститорите е програмскиот концепт на градоначалничката Наташа Петровска за локален развој, се нагласува во соопштението од секторот за односи со јавност. мт/аа/

Остани поврзан