• недела, 22 декември 2024

Инаугурација на Стратешкиот совет за надворешна политика

Инаугурација на Стратешкиот совет за надворешна политика

Скопје, 20 мај 2021 (МИА) - Во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи инаугуративен состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика.

На состанокот, како што информираат од МНР, воведно обраќање ќе има министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ќе ги претстави целите на воспостувањето на ова советодавно, експертско тело во рамки на стратешкиот проект на МНР – Рефлексија 2030.

-Рефлексија 2030 предвидува активен и широк општествен консултативен процес што се темели врз три основни столба: формирање Стратешки совет на МНР, одржување на ад хок тематски конференции и серија панели со интересни групи со цел зајакнување на линкот со јавноста и граѓанскиот сегмент на општеството, се наведува во соопштението од МНР.

На состанокот ќе се разгледаат насоките и ќе се разменат мислења околу процесите на развивање на десетгодишна стратегија за надворешна политика на Република Северна Македонија. Основната цел на овој стратешки документ е навраќање на веќе етаблираните надворешно-политички принципи и вредности, но истовремено и утврдување на приоритетните насоки на делување на надворешно-политички план и зајакнување на позицијата на Република Северна Македонија како одговорен и активен чинител во меѓународните односи. дма/хс/

Остани поврзан