• четврток, 26 декември 2024

Имунизацијата во Берово продолжува со втората доза вакцини за повозрасните граѓани

Имунизацијата во Берово продолжува со втората доза вакцини за повозрасните граѓани
Берово, 22 април 2021 (МИА) - Во Берово започна вакцинирањето со втора доза за граѓаните кои ја примиле првата вакцина против Ковид-19. Од Здравствениот дом информираа дека за реализирање на оваа активност установата на располагање има 100 вакцини.
- Сите пријавени пациенти над 77-годишна возраст ја примија првата доза вакцини во Берово, по што следува вакцинирањето со втората доза од вакцината АстраЗенека. Вкупно ќе бидат ревакцинирани околу 100 пациенти. Сите тие, претходно, преку „Мој Термин“ беа пријавени кај своите матични лекари, истакнаа од беровскиот здравствен дом.
Поради зголемениот број случаи оттаму апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот.
- Се надеваме дека брзо ќе започне масовната имунизација заради што апелираме до граѓаните, особено од повозрасната популација, да се вакцинираат. На сите останати им препорачуваме да ги почитуваат протоколите, за да се стави крај на ова зло, додадоа од Здравствен дом.
Во Берово, во моментов, има 63 активни случаи со Ковид-19. Заклучно со вчерашниот ден, бројот на починати од оваа болест изнесува 33 лица. вс/ар/

Остани поврзан