• четврток, 26 декември 2024

Имплементирање проект за снабдување со храна од локални производители

Имплементирање проект за снабдување со храна од локални производители
Гевгелија, 4 август 2021 (МИА) - Фондацијата за локален развој од Гевгелија, во наредните пет месеци ќе го имплементира проектот „Формирање на краток синџир за снабдување со храна од локални производители“ кој е подржан од Владата на РСМ, потврдија денеска од фондацијата. Организаторите велат дека општа цел на проектот е да се создадат услови за зголемување на приходите на малите произведувачи на храна и привлекување нови преку формирањето на краток синџир за дистрибуција на храна во гевгелиско-валандовскиот регион. -Проектот предвидува активности за воспоставување и тестирање нов систем за директна продажба на земјоделски производи од познат производител до заинтереиран купувач или група на купувачи заради стекнување доверба на релација производител-потрошувач, градење поголема свест за вредноста на локално произведената храна како и изработка на план за обезбедување со храна во микро регионот во услови на пандемија,велат од гевгелиската фондација за локален развој. Ова е еден од 33 одобрени проекти во рамки на Програмата за за финансирање активности на здруженија и фондации за 2021 година. им/сст/

Остани поврзан